Победничката на 33. издание на фестивалот „Макфест“, Антонија Гиговска го претстави видеото за првонаградената композиција „Никогаш не вели никогаш“. Ова авторско дело на нејзините веќе редовни соработници – хитмејкерите Лазар и Магдалена Цветкоски – собра најмногу гласови и од жирито и од публиката, а сето тоа сега е дополнето и со одлична визуализација, за која се погрижи режисерот Даниел Јовески.
Во урбаната и романтична екранизација, каква и што доликува за една млада пејачка ѕвезда како Антонија, се појавува и моделот Павле Николов, а како изгледа и звучи победничката тема на „Макфест 2018“ дознајте во продолжение. Уживајте!
