По пауза од речиси година и половина, Тијана Дапчевиќ конечно се враќа со нова песна и видео. Станува збор за српска верзија на велигденскиот мегахит на Лозано, „Километри“, чиј автор на музиката и аранжманот е Лазар Цветкоски, а новиот текст на српски јазик е на Милан Милетиќ. И двајцата соработуваат со Тијана за првпат.
Во создавањето на „Километри“ како придружни вокали учествуваа и самиот Лозано, Магдалена Цветкоска и Лазар Цветкоски, а гостуваат и Димитар Андоновски на виолина и Сирта Сакс на кларинет. Сето тоа е дополнето и со соодветна визуализација што ја изработи екипата на продукцијата „Сторителер“, под режисерската палка на Антонио Павловски, а како изгледаат и звучат новите „Километри“ на Тијана дознајте во продолжение. Уживајте!
