Пратеникот од ДУИ, Бранко Манојловски, од собраниската говорница на денешната пленарна седница порача да се амнестираат сите обвинети функционери и партиски активисти и државата да ги заштити пратениците за да можат слободно да гласаат. Целта е, како што рече тој, ЕУ, НАТО, високи плати, добра економија и навремени пензии, се друго, рече, е споредно.
