Ѕидарот Бејхан од Битола ратури во шоуто „Nikad Nije Kasno“

„Сакам да пеам за душа, а не за пари“, рече 45-годишниот ѕидар Бејхан Рамов од Битола, кој се натпреварува во новата сезона на емисијата „Никогаш не е доцна“. Тој ги воодушеви и жирито и публиката со „Данима те чекам“ од, како што вели, „кралот Шабан“.

Иако гласовите на публиката не беа доволни за да продолжи во следниот круг, водителот на емисијата одлучи да се вмеша во оваа одлука и сите натпреварувачи да продолжат понатаму. Уживајте во настапот на Бејхан

Leave a comment