Оваа јубилејна, десетта година од кариерата на Влатко Лозаноски се покажа како најплодна досега, па освен со анимираната „Камо тебе да те имам“, велигденската химна „Километри“ и летниот хит „Јако, јако“, кичевскиот славеј сега нè почести и со уште еден потенцијален хит, кој слободно можеме да го вброиме меѓу неговите најдобри песни досега.
Станува збор за оптимистичната тема насловена едноставно „Надеж“, чии автори секако дека се неговите најверни соработници Лазар и Магдалена Цветкоски, кои и овој пат се надминаа себеси, а во создавањето учествуваа уште и Бојан Рафајлоски на гитара и Сирта Сакс на саксофон.
