Македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски го објави новиот сингл „Reminder“, за кој е изработен и одличен видео спот, а со кој Џајковски се враќа на сцената по подолга дискографска пауза. Песната „Reminder“ е прва соработка со новиот член на неговиот концертен бенд, вокалистот Дејвид Лајон (David Lion) и претставува храбра комбинација на балкан-бит звукот со глич-хоп и реге-влијанија.
