Прилепското електронско дуо „Сирилик“ повторно напаѓа со нов сингл, а овој пат на браќата Андреј и Бојан Иваноски им се придружи велешанката Валери Димовска. Резултатот од нивниот заеднички труд е насловен „Доволни“, а како автори на музиката и стиховите се самите „Сирилик“ и Дина Јашари, со која ги снимија и хитовите „Во тебе се гледам“, „Feel Like“ и „Right Here“, продукцијата е исто така на „Сирилик“, додека миксот и мастерингот им се заеднички со Ивајо, во чие студио е снимена и самата песна.
