Ахмети прозборе македонски испровоциран од прашање за Мухамед Зекири

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по завршување на средбата со премиерот Зоран Заев даде изјава дека се договориле на претседателските избори да одат со заеднички кандидат, а потоа одговараше на новинарски прашања.

На сите прашања поставени на македонски јазик тој одговараше на албански, а Бујар Османи преведуваше. Но, на последното прашање да го коментира потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, тој одговори на чист македонски.

Инаку ова е втор пат како Ахмети јавноста може да го види како зборува на македонски, прв пат тоа беше на кампањата за референдумот.

Leave a comment