Популарната струмичанка и двократна победничка на „Макфест“, Александра Јанева го претстави својот нов сингл насловен „Срце отвори“, кој стигна во комплет со екранизација. Автори на музиката и аранжманот се колегите Иле Спасев и Панче Касапски, а стиховите се на познатиот текстописец Огнен Неделковски, односно истата екипа која застана и зад минатогодишниот хит „Ќе се вратам некој ден“, додека видеото е дело на екипата од продукцијата „Пинестел“, чиј потпис стои и на екранизацијата на ланскиот дует со Наташа Малинкова – „Еуфорија“.
Интересно е тоа што „Срце отвори“ е песна стара две години, но сега ја доживеа својата трансформација и доби сосема нов звук.
