Откако минатата година нè почести со баладата „Ако грев е што те сакам“, дуетската „Еуфорија“ со Александра Јанева и макфестовската „Милион причини“, за која ја освои наградата за најдобра вокална интерпретација, Наташа Малинкова сега ја претставува својата нова песна насловена „Кога не си ти до мене“.
Станува збор за ар-ен-би балада, чиј автор на музиката и стиховите е долгогодишниот соработник на Наташа – Столе Аврамов, а за аранжманот и продукцијата му се придружи познатиот продуцент Зоран Алексиќ. Песната стигна во комплет со видео снимено во винаријата „Queen Marija“ во Демир Капија и на снежниот Пелистер, а го реализираше екипата на продукцијата „Пинестел“.
