Хорор во Москва: петгодишно девојче пронајдено во стан затрупан во ѓубре и лебарки

Полицијата морало да носи заштитна облека во акцијата за спасување на петгодишното девојче во Русија, кое го нарекоа женски Могли. Девојчето не зборува, ниту знае да се однесува со луѓето, а подолго време живеело во стан во Москва кој личи на депонија, полн со лебарки.

Запоставеното девојче го нарекоа Љубов. Кога го пронашле, тоа било дехидрирано и болно бидејќи неговата мајка Ирина Гарасенко (47) го оставила во валкан стан полн со ѓубре веќе подолго време.

Leave a comment