„Некст тајм“ ја претставија преработката на „Нешто ќе те питам бабо“

Во Драмскиот театар во Скопје вчера се одржа промоцијата на новата песна и видео на „Некст тајм“, која е трета по ред од проектот со преработки на традиционални македонски песни и доаѓа по извонредните „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“.

Овој пат браќата Филиповски одлучија да ја препеат „Нешто ќе те питам бабо“, чиј аранжман повторно е на маестралниот Никола Мицевски, а сето тоа визуелно го долови екипата на продукцијата „Мелем“, под режисерската палка на Огнен Шапковски.

Leave a comment