Популарниот македонски пејач Ѓоко Танески го претстави видеото за својата најнова песна насловена „Тој што во срце те носи“. Станува за уште една моќна балада од охридскиот музичар, чија музика и аранжман ги потпишува неговиот долгогодишен соработник и колега Дамјан Лазаров, а стиховите се дело на Ана Пандевска.
Сето тоа визуелно го дополни продукцијата „Крстевски ентертејнмент“, снимајќи на повеќе импресивни локации во охридскиот регион, вклучувајќи ги и идиличните извори кај Свети Наум, а покрај Ѓоко, во видеото се појавуваат и Анета Спиревска и Синиша Стојаноски.
Како изгледа и звучи најновото од Ѓоко Танески дознајте во продолжение. Уживајте!
