Несудената макфестовска песна со која Симона Поповска требаше да се натпреварува на популарниот штипски фестивал во 2017 година, темата „Сама“ конечно си доби своја екранизација. Авторското дело на композиторот и аранжер Иле Спасев и текстописката Даниела Хаџи-Тоневска сега е дополнето со видео снимено под режисерската палка на Андреј Ѓорѓиевски, а за изгледот за талентираната охриѓанка се погрижи стилистот Бобан Тодоровски.
