Првиот човек на Европската комисија Жан Пол Јункер, за време на церемонијата за оддавање почит на жртвите од геноцидот во Руанда пред 25 години, во кој беа убиени повеќе од 800.000 илјади луѓе, за малку ќе ѝ ја запалеше косата на сопругата на претседателот на Руанда, Пол Кагаме.
Откако тројцата добија запалени факели, со кои симболично го запалија меморијалниот оган, 64 годишниот Јункер се заврте да ѝ го подаде својот факел на една од членовите на протоколот, но заборави дека претседателот Кагаме и неговата сопруга Жанет се во непосредна близина на огнот…
