Струмичанката Ленче Кукиќ повторно доминираше во „Никогаш не е доцна“: Нејзиниот настап беше дочекан со овации!

Добро ви е познато дека во регионалното музичко „Никогаш не е доцна“, кое е многу гледано и во нашата земја има и македонски претставници, а меѓу нив и Ленче Кукиќ од Струмица која досега неколку пати го воодушеви жирито со своите интерпретации.

Во последната емисија на музичкото шоу, Ленче се претстави со песната „Потести ме шта то беше љубав“ од верзијата на Маја Оџаклиевска. Публиката ја поздрави со овации и аплауз, а и овој пат жирито остана без зборови од изведбата на Кукиќ.

Во ревијалниот дел, Ленче и Кеба ја отпејаа песната „Треба времена“, а жирито беше воодушевено и од оваа изведба.

Leave a comment