Светско а наше | Томи Тасев и Симеон Коруноски ги здружија силите за „One Look One Smile“

По одличното минатогодишно деби „Broken“, струмичкиот продуцент Томи Тасев продолжува со исто темпо и со новиот потенцијален хит насловен „One Look One Smile“, за кој ги здружи силите со својот кичевски колега Симеон Коруноски. Музичарите се потпишуваат и како автори на песната, односно продукцијата и стиховите се на Тасев, музиката им е заедничка со Симеон, а за аранжманот им помогна Иле Спасев. 

Сето тоа визуелно го дополни Ѓорѓи Вацев, а во видеото снимено на повеќе локации, вклучувајќи го и култниот „Порта џез“ во Битола, покрај Томи и Симеон се појавуваат уште и Тамара Томашевиќ и Васко Ѓоргиев, како и Христијан Ѓаковски, Борис Наков, Игор Георгиевски, Филип Каранфиловски, Филип Николоски, Тале Пасовски и Кристијан Божиновски.

Leave a comment