Не само што ја скрши „клетвата“ на шестгодишното отсуство од главната битка, Тамара Тодевска и официјално забележа нов рекорд во нашата евровизиска историја и го освои осмото место во финалето на „Евровизија 2019“! Особено возбудлив беше првиот дел од резултатите, кога песната „Proud“ се покажа како еден од најголемите фаворити на жиријата, од кои добивме и рекорден број десетки и дванаесетки, односно со вкупно 237 поени беше втора зад шведската песна „Too Late For Love“, која имаше само два поена повеќе – 239, додека холандската „Arcade“ беше трета со 231 поен.
Откако беа соопштени резултатите од жиријата, на ред беа поените од телефонското гласање. За жал, публиката имала други фаворити, па од гледачите ни беа доделени само 58 поени и со вкупно 295 поени завршивме на 8. место.
