ДВЕ ВОЗИЛА ИСКРШЕНИ, ПЕТ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ – ИНЦИДЕНТИ НА ПРОСЛАВАТА ЗА ПОБЕДАТА НА „ВАРДАР“

Повредени и приведени. Искршени автомобили и говор на омраза. Ова е полицискиот билтен по вчерашната прослава на плоштадот по победата на Вардар.

Во полициска станица завршиле пет малолетници и едно возрасно лице. Дел од нив демолирале автомобили во центарот на градот, од кои еден бил на полицијата. Во инцидентите, се повредил осумнаесетгодишник, а со изгореници од пиротехника, завршила и една малолетничка.

Освен девијантното однесување, на површина излезе и говорот на омраза особено по етничка основа.

Leave a comment