Шилегов брка непрописно паркирани таксисти кај Сити Мол

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов попладнево влезе во улога на сообраќаен полицаец и бркаше непрописно паркирани таксисти кај Сити Мол на улицата Љубљанска.

Шилегов дојде до својот автомобил, излезе и почна да им кажува на такситите да се тргнат, бидејќи такси станицата е поместена и веќе не се наоѓа таму. Град Скопје, при реконструкцијата на улицата, ја помести такси станицата подолу за да не се создава хаос пред влезот на паркингот на Сити Мол.

Leave a comment