Не ретко гледаме членови од исто семејство да се посветат на иста кариера, така што низ светот има бројни сестри, браќа, родители и деца или роднини што станале славни во професии како што се актерството или музиката. Таков е случајот и со српската пејачка Наташа Беквалац, чија внука Зои почна да ги следи нејзините стапки и неодамна го објави својот прв сингл насловен „Ето“.
21-годишната пејачка го покажала својот талент за пеење уште како малечка, а многумина веќе ја споредуваат со нејзината славна тетка, и по изгледот и по бојата на гласот. Освен што пее, Зои се потпишува и како авторка на стиховите на својата прва песна, чија музика е дело на Никола Кирцански Кеи и на Славко Миловановиќ, а сето тоа визуелно го дополни Леонард Фрстнер.
Дали Зои ќе го повтори успехот на тетка си Наташа, останува да видиме во иднина, а како звучи и изгледа нејзиното првенче „Ето“, дознајте во продолжение.
