Во соседна Албанија денеска се одржуваат локални избори. Во многу општини опозицијата ги бојкотира изборите, па на гласачките ливчиња има само еден кандидат, и тоа од владејачката партија на премиерот Еди Рама.
Имено, тој денеска се појави на гласање облечен во кошула, палто, бермуди и чорапи подигнати речиси до колена, со што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
