По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на прашања на известувачот на ,,Макфакс”.
Запрашан од дали ја видел јавната покана упатена од премиерот на државата, Зоран Заев да ја посети Македонија, Ѓоковиќ рече:
,,Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не знам кога тоа ќе се случи, но сигурно ќе дојдам во Македонија, бидејќи Охрид морам да го видам”, порача вимблдонскиот шампион.
