Имотот на бизнисменот Сеад Кочан набрзо ќе биде во државна сопственост.
Минатата седмица во Агенцијата за управување со одземен имот стаса правосилна пресуда во врска со одземениот имот на Трансмет и Сеад Кочан. Изготвени се 26 решенија за префрлање на одземениот имот на име на Агенцијата.
Од нив 23 имоти се чисти, а три се под залог. Исто така, има и 204 возила, за кои сега се проверува дали се дадени под залог, изјави денеска Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани.
Тој рече дека пресудата е обемна, дека станува збор за имот во вредност од 17 до 18 милиони евра и оти затоа треба да се работи внимателно.
