Учениците од трето и четврто одделение од ОУ „Киро Глигоров“ во општина Центар, заедно со своите професорки денеска ја посетија вила „Водно“ и се сретнаа со претседателот Стево Пендаровски. Со тоа почнаа „Отворените денови во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија“, како дел од проектот „Лице во лице со претседателот“.
“Како дознава вести претседателот, која особина треба да ја има и какво образование ви треба за да бидете претседател – беа само неколку од прашањата што ги добив од основците денеска. #ОтворенКабинет е можност за сите што сакате да дознаете повеќе за мојата работа, да се пријавите и да не посетите bit.ly/2kK3hIe #ЛицевЛице “
