Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска се врати во Скопје откако го заврши настапот на Европското првенство.
Иако не се пласиравме во осминафиналето, одбојкарите имаа убав пречек во Скопје. Беа пречекани со трубите на оркестарот „Џамбо Агушеви“ кои им ја отсвиреа и неофицијалната химна „Бисер Балкански“ која често ја пееа во Словенија.
