Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на министерот за земјоделство Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска подршка на руралниот развој и земјоделство Никола Бабовски и градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски, денеска го означија стартот на работите на реконструкцијата на локалната патна инфраструктура, која вклучува и мостови, за поврзување на повеќе села од општината до регионалниот пат во должина до 7 километри.
Вредноста на реконструкцијата на локалниот пат од село Владимирово до регионалниот пат е околу 19 милиони денари, од кои 13,3 милиони денари се обезбедени преку Програмата за рурален развој поддржана од Владата на Република Северна Македонија.
