„Одисеа“ е најновото музичко остварување на познатиот рапер Слаткар. Тој преку социјалните мрежи ја објави новата песна.
Во спотот покрај раперот има уште неколкумина други статисти, а една од главните улоги ја толкува и познатата старлета Драгана Спасовска која пред извесно време ја насмеа македонската јавност со изјавата дека не е родена да сецка салати и да пие ракија со сопругот.
