Швајцарски „Баумер“ денеска официјално стартуваше со работа во ТИРЗ Скопје 1 во Бунарџик

Напредна сензорска технологија и други полуфабриканти од електрониката ќе се извезуваат од фабриката на швајцарски „Баумер“ што денеска официјално стартуваше со работа во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 во Бунарџик.

Инвестицијата, во првата фаза изнесува 4,7 милиони евра и 150 нови работни места, со можност за вкупно 500 работни места во натамошниот период. Покрај производствениот капацитет, швајцарскиот инвеститор ќе изгради и развоен истражувачки центар во кој ќе се обучуваат млади инженери.

Leave a comment