Реконструкцијата е финансирана со заем од ЕБОР, а инвестицијата за изградба на далекуводот чини 2,45 милиони евра. Далекуводот е со должина од 25,21 км. Проектот претставува капитален инфраструктурен проект што ги поврзува трафостаниците ТС Штип и ТС Пробиштип и е од исклучителна важност за овој регион.
Новиот далекувод ќе биде поставен на 110 челично-решеткасти столбови и ќе го замени постоечкиот далекувод што е во функција повеќе од 47 години, а планот е изградбата на далекуводот да заврши до крајот на годинава, кога се очекува далекуводот да биде пуштен во работа.
