ЕБР СЕ ПОДНОВИ СО 10 КОМБИЊА (донација од Република Чешка)
Возила “Fiat Ducato“ се наменети за брза интервенција, при справување со нарушен јавен ред и мир од поголем обем, но и за извршување на други полициски задачи, и тие поседуваат комплетна заштитна опрема на сите ранливи делови на возилата, тетра уред, рото светла, флешери и сирени, односно целосно се прилагодени за полициска намена. Цената на едно возило е 1.499.000 денари без вклучен ДДВ.
