Премиерот Зоран Заев вечерва во Народниот театар во Сараево ја прими меѓународната награда „Иса-бег Исхаковиќ“ која им се доделува на странски државници за промоција на мирот, толеранцијата и разбирањето.
Според Комитетот за доделување на наградата, Заев не само што значајно ги унапредил односите во регионот на Западен Балкан, туки покажал и силно политичко лидерство во контекст на порешително приближување на регионот кон Европската Унија и НАТО
