Наташа Малинкова ја промовираше новата песна “Биди со мене”

Денес во етер излезе нова македонска песна од поп пејачката Наташа Малинкова, насловена “Биди со мене”. Малинкова и понатаму работи со тимот со кој досега направи повеќе песни кои ја освоија публиката, а тоа се Столе Аврамов кој се потпишува како композитор, миксот и мастерингот го работеа Аврамов и Маликова.

“Искуството низ годините и ноќните настапи ни се единствениот репер за тоа што би сакала публиката да слуша. Мешање на стилови од ретро, до песни со модерни аранжмани… Сакавме во период кога ни претстојат убави празници, во моменти кога сме опкружени со луѓето што ги сакаме и не сакаат, да им подариме една убава поп – латино тема во која мислам дека секој еден може да се пронајде”, истакнува Малинкова.

“Тоа е една спонтана приказна за тоа како изгледа едно наше деноноќие. Работата во студио, дел од нашите ноќни настапи, нашите најмили и пријателите. Овојпат честа ја имав статисти во спотот да се појават моите драги колеги и пријатели – Даниел Данн и Марко Марк, а девојката во видеото ни е гостинка од Мелбурн, која случајно и со задоволство прифати да биде дел од ова, за неа прво искуство”, додава Малинкова.

Инструменталци во песната се Никола Дафов – Дафе на клавијатури, хармониката ја свири Александар Митревски, гитара Столе Аврамов, а пратечките вокали ги пејат Ѓоко Таневски и Наташа Малинкова.

Leave a comment