Џенова пропушти да забележи важна победа на гостувањето кај Лече во меч во кој македонскиот капитен Горан Пандев имаше главна улога, одигрувајќи на крајот само 2:2.
Пандев беше клучниот човек за водството од 2:0 кое го имаа Џенова на полувреме, откако прво во 31. минута постигна навистина магичен гол од над 40 метри далечина, а потоа во судиското продолжение на првото полувреме над него беше направен пенал, кој Доменико Кришито го претвори во 0:2 водство.
Во второто полувреме Пандев успеа да добие два жолти картони за само четири минути (73. и 77. минута), оставајќи ги Џенова во тешка позиција да се одбранат во последните 15-тина минути со само 9 играчи на теренот.
