Тамара Тодевска – најдобар интернационален артист на Кенга Маџик во Албанија

Тамара Тодевска со песната „Monsters” вчера беше прогласена за најдобар интернационален артист на престижниот музички фестивал Кенга Маџик во Тирана, Албанија.

„Monsters” е авторско дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, со текст на Коста Петров.

„Пресреќна сум. Оваа награда ја посветувам на моето семејство и на Македонија”, изјави Тамара при земањето на наградата која и беше врачена од овогодинешната претставничка на Евровизија за Албанија.

 

Leave a comment