Сопственикот на инвестицијата Мевмед Џемајловски денеска ја претстави својата инвестиција како една од поголемите домашни инвестиции, вредна 5.5 милиони евра и кофинансирана со средства од ИПАРД програмата. Станува збор за компанија која што се занимава со производство, обработка, расекување и пакување на месо по најсовремени стандарди и која ќе обезбеди 80 работни места за македонските граѓани.
