Откако кон средината на минатата 2019 година го издаде својот прв албум со авторски песни насловен „Мелем за душа“, најавувајќи го како: „Вистинско освежување на македонската фолк-сцена“, кој ги содржи хитовите: „Око мое“, „После мене“ и „Спремај мајко дарови“, динамитната струмичанка Стојне Николова сега се одлучи на еден сосема поинаков чекор.
Имено, македонската „фолк џепна венера“ реши да го следи примерот на колегите од рок сцената, „Некст Тајм“…
И тоа комплетно, па одлучи една стара македонска народна песна на покојната фолк икона Васка Илиева, да ја преработи во модерен стил, да ја визуелизира со видоспот, кој го екранизраше во вид на мини игран филм… Токму по теркот на браќата близнаци од споменатото рок дуо „Некст Тајм“.
