„Someone you love“ од Луис Капалди прогласена за најдобра песна на британските музички награди

На синоќашното доделување на британските музички награди, титулата за најдобра песна му припадна на младиот уметник Луис Капалди, кој исто така беше прогласен за најдобар уметник во подем.

Станува збор за песната „Someone you love“, која на Јутјуб веќе има 90 милиони прегледи, а 23-годишниот пејач вчера ја изведе во живо пред многубројната публика на доделувањето на „Брит“ наградите.

Leave a comment