Репортерка од српската телевизија РТС се јавила во живо од Чачак, но гледачите покрај веста од тој крај добиле и неочекуван спектакл.
Имено, додека таа ги пренесувала вестите, позади неа се појавил маж кој почнал да танцува и да скока позади нејзиниот грб и на тој начин го украл целото внимание.
Без оглед на разиграниот минувач кој или не го забележала или намерно го игнорирала, репортерката професионално го завршила својот извештај за временските услови и промени.
