Александар Митевски, Дац и Бојана Скендеровски преку песна им се заблагодарија на сите кои се дел од битката против коронавирусот!

„Љуби ме и главата горе“ песна која во далечната 1982 година ја изведоа Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ, во нов аранжман и наменски ја обработија Драган Спасов – Дац, Александар Митевски и Бојана Скендеровски.

Тие преку оваа песна упатуваат порака посветена на како што велат хероите на нашето секојдневие.

Докторите и медицинските лица од цела држава, Министерството за здравство, Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и сите здравствени установи, Министерството за внатрешни работи, Армијата, Црвениот крст, Дирекцијата за заштита и спасување, сите волонтери и добронамерници кои секојдневно се во борба против ширењето на корона вирусот.

Ова трио упатува благодарност до авторите на оваа преубава песна и велат „Да бидеме заедно и да се придржуваме кон препораките“.

Во 1982 година музиката за оваа песна ја направи Григор Копров, а текстот Зафир Хаџиманов.

Leave a comment