“Џокер” е насловот на новата песна на веќе познатите 2 Бона. Тие и овој пат направија интересна приказна во видеоспотот. За прв пат овие македонски хип хоп артисти соработуваат со српската Н Медија кои стојат зад видео продукцијата. Режисер и камера на видеото е Немања Новаковиќ, а и овој пат за песната се погрижија 2 Бона и Иван Јованов – Ивајо.
