ДОДЕКА СЕ ИНТОНИРАШЕ ХИМНАТА, МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ БЕШЕ КРЕНАТО ПРЕД СЕДИШТЕТО НА НАТО ВО БРИСЕЛ…

Денеска е голем ден за нашите граѓани, за нашата татковина.

Македонското знаме гордо се вее пред седиштето на НАТО заедно со знамињата на останатите 29 членки. 🇲🇰

Ова е реализација на деценискиот стремеж на генерации наши граѓани, ова е потврда за успешноста на тешките, но и храбри чекори што ги преземавме.

Република Северна Македонија полноправна членка на најголемиот и најсилен воено безбедносен сојуз.

#МКвоНАТО #WeAreNATO

 

Leave a comment