Гвинејскиот пејач и музичар Мори Канте, кој во осумдесеттите години ја освои светската слава со хитот „Јеке јеке“, почина вчера на 71-годишна возраст во болница во Конакри, објави неговиот син Бала Канте.
Канте придонесе за зголемување на популарноста на африканската и гвинејската музика во светот. Неговиот хит „Јеке јеке“ беше објавен во 1987. година и за кратко време продаде неколку милиони копии и го достигна врвот на музичките топ листи во многу земји.
„Канте страдаше од неколку хронични заболувања и често патуваше во Франција на лекување, но тоа сега беше невозможно заради коронавирусот“, рекол неговиот син, додавајќи дека неговото здравје се влошило нагло во последните денови.
