„Распукала Шар Планина“, нова песна на Слаткаристика

“Распукала Шар Планина” е новата песна на Слаткаристика, која вчера ја објави на социјалните мрежи. Станува збор за модерна песна, каде рефренот е мотив од изворната песна „Распукала Шар Планина“.

Текстот го напиша Слаткар, а аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо. Позадинските вокали ги пејат Кирил Митоски и Иван Јованов.

Зад видеото како режија и снимател се потпишува Крсте Шупев, продукцијата е на Томислав С.Т.

Leave a comment