Нов сингл на Љубојна – „Љубов по Татунчо“ за македонскиот филм „Стела“

Македонската етно музичка група Љубојна го објави најновиот сингл насловен „Љубов по Татунчо“.

Песната е дел од музиката за македонскиот игран филм „Стела“ на режисерот Стојан Вујичиќ чија премиера закажана за во март беше одложена поради корона кризата.

Композитор и аранжер на „Љубов по Татунчо“ е Оливер Јосифовски, а текстот инспириран од „Татунчо“ на Кочо Рацин е на вокалистата Вера Јосифовска.

Објавувањето на новиот сингл е воедно и најава за новиот албум на Љубојна со целосната музика од филмот „Стела“.

Leave a comment