На плоштадот „Слобода“ во Штип синоќа (19.09) се одржа 35. издание на најголемиот македонски фестивал на забавна музика „Макфест“.
На сцената пред публиката продефилираа 24 натпреварувачи кои се обидоа да ја освојат публиката и жири комисијата со своите песни.
Победник на 35. издание на „Макфест“ е групата „Нокаут“ со песната „Сакам да живеам“.
Втора награда: Ѓоко Таневски – „Ден по ден“
Трета награда: Омер Џаферовски – „Ако те изгубам“
Најдобар сценски настап: Виктор Апостоловски – „Срца камени“
Најдобар дебитант: Полина – „Сѐ се врти во круг“
