Управата за финансиска полиција во кординација со Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Кривична пријава против 20 физички и 15 правни лица.
Тие се осомничени за сторени кривични дела за даночно затајување, соизвршителство злоупотреба на службената положба и овластување и помагање, со кои го оштетиле Буџетот на Македонија по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка и персонален данок на доход во вкупен износ од 62.933.835 денари.
