„Орден за заслуги за државата“ денеска доби Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, по повод 1000-годишнината од неговото основање. Ова високо државно одликување на епископот антаниски и игумен на Бигорскиот манастир, г. Партениј во претседателската резиденција на Водно му го додели претседателот Стево Пендаровски.
На доделувањето на Орденот присуствуваа и премиерот Зоран Заев, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, членови на Бигорската обител, претставници на верски заедници…
Претседателот Пендаровски по доделувањето на Орденот рече дека нашата генерација има извонредно ретка можност да биде сведок на еден импресивен јубилеј, каков што е 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“.
