Почина Амди Бајрам… Бил позитивен на ковид – 19…

Информација преземена од ТВ24 – Министерството за здравство информира дека откако кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека истиот бил позитивен на ковид-19, Центарот за јавно здравје-Скопје ги презема сите мерки за заштита и  спречување на понатамошно ширење на инфекцијата во и вон неговото семејство и сите оние кои во изминатиот период имале интензивни и блиски контакти со починатиот.

Од страна на ЦЈЗ Скопје, согласно редовната постапка во вакви случаи, итно ќе биде спроведена епидемиолошка анкета со најблиското семејство на починатиот со цел точна и детална идентификација на контактите во изминатите денови.

Leave a comment