Доцна во ноќта фудбалерите на репрезентацијата на Македонија се вратија во државата од Грузија, каде во Тбилиси ја совладаа тамошната репрезентација и се пласираа на ЕП 2021 година. Тие беа пречекани од премиерот Зоран Заев и од вицепремиерот Артан Груби.

,,Голема е радоста што вечерва ја преплави целата земја.Оваа радост ја донесоа македонските фудбалски јунаци кои ги оставија срцата на теренот во Тбилиси и донесоа победа која македонската историја не ја памети до сега, со што Македонската фудбалска репрезентација ќе учествува на Европското фудбалско првенство.
Целата држава, сите македонски граѓани ја споделуваат радоста за успехот на фудбалската репрезентација.Еден гол за сите, една победа за сите! Така е кога заедно играат Македонци, Албанци, Турци… во исти дресови, под исто знаме и за заедничката татковина.
Инаку Пандев заедно со неговите колеги од репрезантацијата доцна во ноќта пристигнаа во Скопје со автобус од Приштина, откако поради густата магла, авионот не успеа да слета во Скопје.
